Средба на Зеленски и Трамп во Белата куќа/Фото: Pool/Ukrainian Presidentia/Plane / Shutterstock Editorial / Profimedia

Америка и Украина наскоро ќе го потпишат договорот за минералите суровини, најавуваат и Вашингтон и Киев

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека договорот со Украина за минерали ќе биде потпишан следниот четврток. Во Белата куќа, за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони, Трамп изјави дека сака „да се спасат што е можно повеќе животи“ и дека „мирот е можен“, пренесе „Индепендент“.

Тој најави дека наскоро ќе има повеќе информации, вклучително и за одговорот на Путин. Мелони, пак, рече дека „заедно ја браниме слободата на Украина“ и дека Италија очекува на следниот НАТО самит во јуни да објави исполнување на целта од 2% БДП за одбранбени трошоци. Запрашан за можната „мировна мисија“ во Украина од страна на Британија и Франција, Трамп рече: „Мировните мисии се секогаш добри за мене“.

Покрај безбедносните теми, Трамп првпат изјави дека поддржува склучување трговски договор со ЕУ, нагласувајќи: „Ќе има договор, 100%. Но, ќе биде фер договор“. Мелони изрази уверување дека ЕУ ќе постигне договор за царините и го покани Трамп на официјална посета на Рим.

Зеленски, во меѓувреме, исто така најави дека Украина наскоро може да потпише меморандум за разбирање со САД за минералите. Тој повторно ги обвини Русија и Кина, наведувајќи дека Москва концентрира 60.000 војници кај Суми, а Кина ѝ доставува артилериско оружје на Русија.

„Украина нема да дискутира за територијални прашања без претходен прекин на огнот“, додаде Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот