Амдије Зенку избрана за претседател на Основниот суд во Кичево

Судскиот совет на Република Северна Македонија на седницата одржана на втори октомври донел одлука за именување на Амдије Зенку за нов претседател на Основниот суд во Кичево.

Зенку во Основен суд во Кичево доаѓа на местото на досегашниот претседател Баки Алили.

Амдије Зенку завршила на Правниот факултет во Приштина, Република Косово. Првично работела како референт на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Кичево, десет години работела како адвокат и последните десет години работи како судија во Основниот суд во Кичево од каде е именувана  за преседател на овој суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот