Амбасадата на САД во Тирана: Среќни што Албанија се одржува „Дефендер 21″

Американската амбасада во Тирана денеска објави видео во кое објаснува дека е среќна што во Албанија се одржува голема воена вежба на НАТО „Дефендер 21″, предводена од САД.

Како што беше објавено на Твитер на амбасадата, 28.000 припадници на мултинационалните сили од 26 земји учествуваат во вежбата, која ќе спроведе разни воени операции во повеќе од 30 области во 12 земји.

Воената вежба „Дефендер” се одржува во неколку фази во 12 земји, од 26 април до 13 јуни и ќе ја тестира и зајакне способноста на сојузниците за брзо распоредување, тешка борба и победа.

Во вежбата се вклучени и 10 воени бродови, 18 авиони, 19 хеликоптери, 6 ракетни системи од типот Патриот и 1.000 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот