Алжирката Ибу го расплака тенискиот свет со писмото до Тим, сега добива поддршка од сите страни (ВИДЕО) 

Отвореното писмо на алжирската тенисерка Инес Ибу упатено до Доминик Тим ги потресе тенискиот свет. Алжирката која е 620. на ВТА ранг листа го критикуваше Тим поради неговиот јавен став дека не сака да им помогне на послаборангираните тенисери и тенисерки притоа велејќи дека тие не гладуваат.

Инес Ибу во емотивната порака до австрискиот тенисер вели немаат сите тенисери еднакви услови за тренинг, дека немаат богати родители, и тенисерката наведува дека во Алжир постојат само неколку тениски терени кои можат да се избројат на рака.

На крајот од пораката Ибу му порачува на Тим: „Доминик, ништо не баравме од тебе, освен малку почитуње и респект кон нашите жртви. Играчите како тебе прават да се држам до својот сон – те молам, немој тоа да го упропастиш“.

Реакциите на одговорот на Ибу дојдоа од сите страни, од спортистите, тенисерите дури и од политичарите.

„Ти си мојата хероина“, изјави грен слем шампионката Венус Вилијамс.
„Ти благодарам, ти отсекогаш беше мојата хероина“, одговори Ибу.

„Респект. Продолжи да го правиш тоа што правиш, секогаш ќе ја имаш мојата поддршка“, изјави контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос.

„Нашето министерство за младина и спорт ќе ги помогне. Ја имам мојата поддршка и ти посакувам големи успеси“, порача алжирскиот претседател, Абделмаџид Тебун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот