Алиоски: Секогаш играме добро против големите, немавме шанси, но одбраната беше добра против Англија
Македонската фудбалска А репрезентација одигра реми 1:1 против големата Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нашата селекција ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија на четвртото претпоследно место во групата „Ц“.
Учинокот од осум одиграни натпревари е две победи над Малта, две нерешени против Италија и Англија и четири порази со гол разлика (10:20).
Еве што изјави македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски по завршувањето на натпреварот:
– Тимски добри бевме, и тактички добро, тоа ни требаше за да бидеме сконцентрирани. Тешко доаѓавме до шанси, но одбраната беше добра и така треба да играме против вакви репрезентации. Ние секогаш против големите играме добро, го имаме потребниот фокус. Како што имаме вакви настапи против Италија и Англија, треба исто и против Украина, Грузија…Доколку имаме таков пристап, со ваква концентрација и дисциплина, можеме да се надеваме на подобри резултати во иднина – вели Алиоски.
ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија одигра храбри 1:1 против големата Англија


