Алиев: Бајден направи историска грешка

Алиев во телефонски разговор со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган, кажа дека изјавата на Бајден е неприфатлива и дека тоа сериозно му штети на трендот на соработка во регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на азербејџанскиот претседател.

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за признавање на масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година за геноцид.

Тој оцени дека станува збор за историска грешка.

Алиев во телефонски разговор со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган, кажа дека изјавата на Бајден е неприфатлива и дека тоа сериозно му штети на трендот на соработка во регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на азербејџанскиот претседател.

Ердоган, додаде Алиев, му се заблагодарил за поддршката, пренесува Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот