Алексиќ: Иако нема да бидат фер, ние излегуваме на избори

Потпретседателот на НС на Србија, Мирослав Алексиќ/ Фото Youtube Screenshot Nova.rs

Претставниците на опозицијата собрани околу Партијата за слобода и правда (ССП), Народната партија (НС) и Демократската партија (ДС) денеска најавија дека заедно ќе излезат на избори, пренесува Данас.рс.

Одиме на избори, потпишавме и договоривме заеднички настап, се разбира условно кажано избори, бидејќи се уште немаме слободни и фер избори, соопшти Мирослав Алексиќ, потпретседател на Народната партија.

Во заедничко обраќање до јавноста, заедно со Зоран Лутовац (ДС), Вук Јеремиќ (НС), Драган Ѓилас (ССП), најавени се претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Движењето на Слободна Србија, Движењето за промени, Граѓанската платформа, Демократскиот сојуз на Унгарците од Војводина и Здружението на синдикатите- Слога.

Лутовац изјави дека решиле „слушајќи го пред се гласот на народот и релевантните истражувања, за фронтална борба, заедно со граѓаните”, како и дека се договориле за „сојуз и се издигнале над идеолошките и партиските разлики со цел на создавање на правна држава” и дека тие се „алтернатива на (српскиот претседател) Александар Вучиќ”.

Ѓилас кажа дека ќе одат на победа на сите нивоа, а Јеремиќ оцени дека партиските интереси ги оставиле за „посреќни времиња” затоа што сакаат Србија на 3 април да биде поинаква земја од сегашната.

На минатогоишните параламентарни избори, срспката опозиција и овие партии здружени во Сојузот за Србија ги бојкотираа изборите, а на 3 април 2022 година во Србија ќе се одржат редовни претседателски и изборите за град Белград, како и вонредни парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот