Александар Вучиќ објави фотографија со синот Данило, прва откако оздраве од Ковид-19

Фото: Screenshot/Instagram

Синот на Вучиќ, Данило на 8. април беше заболен од коронавирус.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска објави на Инстаграм профилот  “BudućnostSrbije” фотографија со синот Данило, која ја прележа болеста предизвикана од коронавирусот, пренесе Танјуг.

– Со синот Данило, првпат по подолго време, пишува под фотографијата, со порака дека „предавањето никогаш не било опција“.

Претседателот на Србија на 8. април објави дека неговиот син е заразен од Ковид -19.

Данило Вучиќ беше лекуван на Инфективната клиника, по што едно време, беше сместен и во привремената болница на Белградскиот саем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот