Алекс Родригез откри детали за венчавката со Џенифер Лопез (ФОТО)

профимедиа

Џенифер Лопез и Алекс Родригез се верија во март оваа година, а јавноста оттогаш со нетрпение го очекува објавувањето на датумот, но и било какви детали за венчавката.

Поранешниот безбол играч сега конечно откри неколку детали.

– Кога размислуваш за плановите за венчавката, а партнерка ти е Џенифер, се што правиш е потврдување со главата. Не знам каде ќе се венчаме, не знам што ќе облечам, не знам ни кога ќе се венчаме – само ќе се појавам, се пошегува Алекс и додаде:

– Ќе биде тоа долг лет.

https://www.instagram.com/p/B02CpABgHus/?utm_source=ig_embed

Иако не сакаше да ја открие локацијата, изјави дека не станува збор за Дубаи.

Џенифер претходно откри дека ќе се венчаат и во црква.

– Би сакала да имам голема венчавка и овој пат да биде и во црква. Бев три пати во брак, но ниту еднаш не се венчав во црква – додаде таа.

View this post on Instagram

11:11 ???

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот