фото:твитер

Албански фудбалер ја откри тајната за болеста на Михајловиќ: Од клубот ни кажаа дека станува збор за грозница

Швајцарскиот репрезентативец се потсети како изгледаше 13., јули кога Михајловиќ им соопшти на своите фудбалери дека боледува од леукемија.

– Бевме во карантин. Првиот ден од клубот ни кажаа дека има грозница, исто беше и наредниот ден. Веќе во третиот ден, од прес  службата ни рекоа дека шефот сака да зборува со нас. Не знаевме ништо и немавме претстава за што сака Синиша да зборува со нас.

Но тој разговор преку скајп ќе го паметиме до крајот на нашите животи. Се сеќавам дека беше 13 јули и дека по разговорот плачев. Знаете ли за што зборувавме пред тоа? Дека со него ќе го покориме целиот свет – се потсетува Џемаили кој открива колку Синиша  Михајловиќ е значаен за екипата.

– Доколку пристигнеше во Болоња само еден месец подоцна, ние сега ќе игравме во Серија Б. Се сеќавам кога првиот пат ми пријде и мио кажа: Ти мораш да правиш разлика на теренот, во спротивно нема да играш. Тие негови зборови ме шокираа, но истовремено и ми влеаја енергија.

Тренерот кој се бори со тешката болест, често пати ги мотивираше своите фудбалери и преку филмови.

– Досега никогапш во кариерата не ми се случило вакво нешто, да гледаме филм. Синиша ни го пушти филмот “Летот на Фениксот“, а во еден момент го прекина филмот и не сите не праша: Кој лик сте вие? Од 25 фудбалери кои го гледавме филмот, дури 24 одговорија идентично, го избравме најсебичниот лик кој размислуваше само за себе. Во тие моменти сфативме дека не бевме екипа – вели Џемаили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот