Албанија со минимални бројки на новозаразени од Ковид-19, десеттина дена без починати

Ковид амбуланта во Албанија. / Фото: МИА

Албанија првпат од почетокот на пандемијата девет дена нема регистрирано починати од последици од Ковид-19. Последната жртва беше регистрана на 26 јуни, што значи земјата влегува во втората седмица без починати од опасниот вирус.

Минатиот месец имаше само пет смртни случаи, со што стана месец со најмал процент на морталитет од почетокот на пандемијата.

Првиот смртен случај беше жена од Драч која почина на 11 март минатата година, од кога вкупниот број на оние кои не успееја да го победат вирусот е 2.456, сите во болнички услови.

Најголем број од нив се од Тирана 997, потоа од Елбасан 252, Фиер 242, па Драч со 234 почнати, од каде беше првата жртва од Ковид-19 регистрирана на 11 март 2020 година.

Двата окрузи со најмалку жртви се Кукс и Пешкопеја, кои имаат 34 односно 48. Според експертите, овие бројки се поврзани со бројот на населението на окрузите, но исто така и со степенот на ширење на коронавирусот во заедницата.

Покрај намалувањето на бројот на жртви, се намалува и бројот на заразени и хоспитализирани.

Според Министерството за здравство, вчера од направените 2.144 тестови вирусот е потврден само кај едно лице. Од вкупно 52 активни случаи, болнички, во инфективната клиника во Тирана, се лекуваат четворица пациенти, сите на кислородна поддршка. И покрај тоа што се на возраст над 60 години, според лекарите, никој од нив не е вакциниран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот