Албанија ќе протера Иранец опасен за безбедноста

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Касра се појавувал многупати во кампот на муџахедините во Манза, кај Драч. Во име на иранската држава се обидувал да регрутира поранешни и сегашни членови на МЕК.

Албанија одлучи да прогласи за непожелен и да протера ирански државјанин, осомничен за делување против муџахедините во Албанија и опасен по безбедноста на земјата.

Истовремено нему му е изречена забрана за влез во Албанија во период од 15 години.

„Станува збор за Даниел Касра (29) од иранска националност а со италијанско државјанство. Осомничен е дека е агент инфилтриран од иранското Министерство за разузнавање. Според извештајот на секторот за антитероризам, овој граѓанин е класифициран како опасно лице кое ја нарушува јавната безбедност на Албанија,пренесе Топ чанел.

Налогот за негово депортирање во Италија, го потпиша министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај, а осомничениот моментално е сместен во кампот во Вора, кај Тирана.

Касра се појавувал многупати во кампот на муџахедините во Манза, кај Драч. Во име на иранската држава се обидувал да регрутира поранешни и сегашни членови на МЕК.

Во последните години прогласени за непожелни и протерани од Албанија се околу 80 странци, главно ирански државјани, поради сомнителни активности.

На крајот од декември 2018 година беше протеран амбасадорот на Исламската Република Иран, Голамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат од амбасадата во Тирана зашто биле влучени „во активности кои се закана по безбедноста во земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот