Албанија бара финансиска и експертска меѓународна помош

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја повика меѓународната заедница да испрати финансиска и експертска помош за да и помогне на земјата да закрепне после силниот земјотрес во кој загинаа 51 лице, а илјадници останаа без своите домови.

Рама рече дека Владата работи на ребаланс на буџетот, но оти ќе биде „човечки невозможно” да се направи сè без поддршка на меѓународните партнери.

Градежни инженери од Европската унија и САД, во соработка со локалните, веќе почнаа да ги проценуваат ефектите од земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот