Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не успеа

Тимчо Муцунски прес-конференција / Фото Фејсбук принтскрин

Со честитки за целиот народ по денешното гласање на дојните избори Тимчо Муцунски ја започна вечерашната прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски пред новинарите кажа дека е сосема извесно оти Гордана Сиљановска Давкова ќе биде новата претседателка на држава и дека очекуваат подобар резултат од првиот круг. Според него, вечерва ќе се види составот на новата влада.

– Народот денес излегуваше на избори за да си ја врати Македонија. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци се обединија и гласаа за да си ја вратат контролата врз системот, која ја немаа. Да се нормализира државата, да се има држава која наместо на елитите му припаѓа на народот, изјави тој.

Муцунски уште кажа дека отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеал.

– Преку бојкот сакаа да се факторизираат. Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција, рече Муцунски.

Неговата оценка беше дека денот мина мирно, во мирна атмосфера, со неколку нерегуларности.

– Функционери вршеле поткуп и притисоци, изјави Муцунски и порача дека институциите мора да бидат на ниво за решавање на овие прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот