Таравари: По 22 години мислам дека ДУИ од денес е во опозиција

Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВРЕДИ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од Коалицијата Вреди, Арбен Таравари порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и Вреди, рече Таравари.

На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на албанците во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот