Албанец од Косово на судењето на Хашим Тачи изјавил дека ОВК му го киднапирала и убила неговото семејство

Хашим Тачи во Хаг/ Фото EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Судењето на поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи и сообвинетиот за злосторствата во Косово и Албанија од 1998-99 година продолжи вчера во Хаг со сведочењето на сведоците на обвинителството за тоа како ОВК, наводно, киднапирала и убила членови на неговото семејство во 1998 година.

Заштитениот сведок, косовски Албанец, сведочел зад затворени врати, но претходно обвинителот пред јавноста прочитал резиме од неговата изјава, пренесува Коссев.

Според тоа резиме, на почетокот на 1998 година, ОВК ги привеле сведокот и неговите роднини од нивната куќа во едно село во Косово под обвинение дека се „предавници и шпиони“.

На неколку локации, вклучително и една „база на ОВК“, каде што биле приведени, сведокот и членовите на неговото семејство биле претепани од припадниците на ОВК. Војниците на ОВК на крајот го ослободиле сведокот, но задржале некои од неговите роднини.

Заедно со Тачи обвинети се поранешните членови на Главниот штаб на ОВК Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Во 10 точки, Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за: прогон по политичка и етничка основа, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, сурово постапување, присилно исчезнување и две тортури. Тие злосторства, според обвинението, биле извршени во четириесет притворени центри на ОВК на Косово и во два притворени центри во северна Албанија.

Кривичните дела од обвинението се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства. За тие дела, според обвинението, Тачи и другите обвинети сносат и индивидуална и командна одговорност. Според обвинението, Тачи, Весели, Селими и Красниќи биле учесници во здружен злосторнички потфат.

Сите обвинети, кои биле уапсени на Косово на 4 и 5 ноември 2020 година, на првото појавување пред судот, од 9 до 11 ноември истата година, изјавија дека не се виновни за делата во обвинението. Тачи и сообвинетите по апсењето се во судски притвор во Шевенинген, а судот во неколку наврати го одбиваше нивното барање за привремено ослободување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот