Албанците трошат над 400 милиони евра за нови возила

Албанците се повеќе купуваат подобри, понови и поскапи автомобили.Во последниот извештај на Генералната дирекција за патен транспорт во Албанија се истакнува дека драстично се зголемени трошоците за купување нови возила. Вкупното вложување на Албанците за патните возила што ги увезоа и ги регистрираа за прв пат, во првите 7 месеци од 2023 година е околу 430 милиони евра.

Податоците покажуваат дека се купени 42.238 возила, а просечната вредност по првпат регистрирано возило е 1.033.512 нови леки. Ако се спореди со пред една година, ќе се види дека вредноста на еден автомобил е за 11,4% повисока и 36% повеќе од 2018 година.

За експертите овие податоци покажуваат дека Албанците не само што „моторизираат силно“ туку купуваат и подобри, поеколошки и побезбедни возила. Ова истовремено го покажува и зголемувањето на куповната и економската моќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот