Активен пожарот кај Кокино, ангажирани дополнителни сили за гасење

Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, Скопје, Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на МВР, мештани сè уште го гасат пожарот кај Кокино во кој е зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума. Пожарот веќе втори ден беснее над Кокино, општина Старо Нагоричане информираа претходно надлежните од РЦУК Куманово, додавајќи дека во гасењето е вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители.

– Информирани се сите институции, се првата напори, се ангажираат дополнителни сили, за да се спречи пожарот да ги зафати куќите-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот, нагласувајќи дека силниот ветер предизвикува проблеми при гасењето.

Во кумановско, пак пожар има во Мургаш каде гори нискостеблеста дабова и борова шума. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека пожарот го гасат три противпожарни возила со десетмина пожарникари.

ВИДЕО: Кумановско гори, пожар ги зафати куќите во Отошница, општина Ранковце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот