ВИДЕО: Кумановско гори, пожар ги зафати куќите во Отошница, општина Ранковце

Голем шумски пожар што избувнал попладнево во Општина Ранковце зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите.

Големата огнена стихија се заканува да се прошири и кон останатите села во Општина Ранковце, информира градоначалникот, Ивица Тошевски.

-Она што во моментов може да го кажам е дека нѐ снајде голема катастрофа, огнот буквално го проголта домот во село Отошница, опожарени се куќи, има зафатено и столбови за електрична енергија, струјата е во прекин, очекуваме помош од соседните општини и во координација со Дирекцијата за заштита и спасување сме и Центарот за управување со кризи, од каде на помош повикавме и хеликоптери за гасење, информира Тошевски.

Огнот се движи кон браната во село Отошница, а надлежните стравуваат дека може да се прошири и кон околните села.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Ранковце рече дека огнената стихија е голема, споредувајќи ја со големите пожари во Калифорнија.

Рече, опасност постои и од соединување на пожарот со оној во соседната општина Старо Нагоричане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот