Актерска награда за Дарја Ризова во Турција

Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на „Јени Тијатро Дергиси“, во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул.

Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на нашата актерка Дарја Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, копродукција на Македонскиот народен театар, „Перипетија продукција“ и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Ова за Ризова е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава, а на 13 јуни во културниот центар „Кадебостан“ во Кадикој, Турција, и официјално ќе ѝ биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан – известија од Македонскиот народен театар.

Претставата „Нема да биде крај на светот“ ќе има две изведби во Скопје, на 30 и 31 мај, на малата сцена во МНТ, со почеток во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот