Актерот од популарната серија ја убил мајка си, а планирал да го убие и Џастин Трудо!

Фото: Принтскрин/Јутјуб/EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Канадскиот актер 24-годишниот Рајан Грантам, познат по улогата во „Ривердејл“, беше осуден откако во март се изјасни за виновен за убиството на својата мајка Барбара Вајт, а наводно планирал да го убие и канадскиот премиер Џастин Трудо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PerezHilton.com (@perezhilton)


На Грантам му започна сослушувањето за изрекување на казната во Врховниот суд, на кое ќе се утврди колку долго треба да ја служи казната пред да ги исполни барањата за условно ослободување. Убиството од втор степен носи задолжителна доживотна затворска казна, а периодот на забраната за условен ослободување се движи од 10 до 25 години.

Според „Си-би-си“, Грантам во март 2020 година ја застрелал својата 64-годишна мајка Барбара Вајт во задниот дел од главата додека свирела на клавир. Претходно оваа година, тој ја призна вината за убиство од втор степен, откако првично беше обвинет за убиство од прв степен.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во постапката за изрекување на казната, обвинителите ја осликале психичката состојба на Грантам во моментот на смртта на неговата мајка. Во понеделникот, судот слушнал како Грентам го вежбал убиството и снимал видеозаписи во текот на целата постапка, вклучувајќи ги и снимките по убиството во кои тој признава и го покажува телото на својата мајка.

Следниот ден, наводно имал три пиштоли во автомобилот, десетина молотови коктели, материјали за кампување и упатства како да стигне до семејната куќа на Трудо. Својот план за убиството на канадскиот премиер ѝ го изнел на полицијата, како и извадоци од приватниот дневник кои биле прочитани на суд. За среќа, тој никогаш не стигнал до резиденцијата на Трудо, туку отишол во седиштето на полицијата во Ванкувер за да се предаде.

Како што пренесува „Си-би-си“, обвинителството се повикува на психијатриските извештаи кои укажуваат на тоа дека тој поминувал низ „интензивен период на клиничка депресија“ во текот на времето кое претходело на убиството. Грантам, наводно, одлучил да ја убие својата мајка „за да ја поштеди да не го види насилството што тој имал намера да го изврши“.

Психијатриските извештаи, исто така, покажале, дека Грантам „имал нагони да изврши насилство и да се самоубие“.

Полицијата му забранила на Трудо да оди на настан поради грижи за неговата безбедност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот