Мозес Џеј Мосли/Инстаграм
Мозес Џеј Мосли/Инстаграм

Актерот Мозес Џеј Мосли, пронајден мртов: Беше дел од популарната серија „Тhe Walking Dead“

Светските медиуми ја пренесоа веста за смртта на актерот Мозес Џеј Мосли. Имаше 32 години, и беше познат по улогата во серијата што бележи голема популарност „Тhe Walking Dead“.

Mозес бил пронајден мртов во Стокбриџ, град во Џорџија. Според властите, бил пронајден со прострелна рана, а околностите за неговата смрт уште се под истрага. Од серијата веќе објавија трогателна порака на Твитер профилот.

Неговите роднини изјавиле дека не биле во контакт со актерот од 23. јануари, а неговото исчезнување го пријавиле во полиција во средата.

Актерот е роден во Аикен, Јужна Каролина, во декември 1990. Тој е познат американски актер, писател и модел, а беше дел од тв сериите „Queen of the South“ и „Watchmen“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот