Актерот Џош Думел и неговата 21 година помлада сопруга го очекуваат второто дете
Акктерот Џош Думел и Одра Мари очекуваат принова во своето семејство.
Препорачано
Триесет и двегодишната поранешна Мис на светот Америка се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели среќната вест со светот, таа е бремена и го очекува своето второ дете со 53-годишната ѕвезда на „Рансом кањон“.
– Додаваме мало девојче во нашата приказна… Едвај чекаме да те запознаеме – напиша Одра во описот покрај серијата црно-бели фотографии на својот инстаграм-профил, на кои гордо го покажува трудничкиот стомак.

На првата фотографија, бремената манекенка седи со прекрстени нозе на кревет, облечена во полуотворен топ што го открива нејзиниот стомак, додека слатко се смешка кон камерата. Втората фотографија ја покажува како се насмевнува додека нежно гледа надолу и го гали својот стомак.
Џош и прекрасната Одра, кои имаат 21 година разлика во возраста, што очигледно за нив не е проблем, се среќно венчани од септември 2022 година. Тие веќе се горди родители на нивниот син Шеферд Лоренс Думел, кој е роден на 11 јануари 2024 година.

Згодниот актер е веќе многу искусен татко. Тој го има и 12-годишниот син, Аксел Џек, од претходниот осумгодишен брак со пејачката Ферги, од која се разведе во 2019 година.
Во август минатата година, актерот ексклузивно разговараше за списанието „Пипл“ за тоа како е да се биде татко на два сина, но исто така искрено призна дека сака ќерка.
– Едноставно обожавам да бидам татко. Ја сакам секоја пресвртница во нивното растење – рекол тој во тоа време.


