Актерка ЌЕ ЧИСТИ ТОАЛЕТИ во затвор: Се срами од своето дело и ќе ја издржи казната

чистење тоалет

Актерката Фелисити Хофман, позната по улогата на Линет Скаво во „Очајни домаќинки“ наскоро ќе започне со издржување на затворската казна.

Таа е прогласена за виновна за потплаќање и лажирање на САТ-испитите за нејзината ќерка. Хофман платила најмалку 20.000 долари за друг да полага наместо ќерка ѝ и со тоа да обезбеди упис на реномиран колеџ.

Првичната казна била 10 месеци, но откако се спогодила, таа треба да издржи казна од 4 месеци, да плати одредена сума за кауција, а по излегувањето од затвор ќе биде уште една година на условно пуштање на слобода.

Хофман се покајала за делото и признала дека желбата за упис на ќерка ѝ на саканиот колеџ не е изговор да се прекршат законите.

Таа ќе дели ќелија со уште две затворенички, а добила и список со дневни обврски, меѓу кои имало и чистење тоалети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот