„Аксиос”: САД можат да ја вратат процедурата за забрзано депортирање имигранти

Мигранти / Фото: mia.mk

Продолжувањето на праксата на забрзување на протерувањето илегално пристигнати семејства во САД може да доведе до поделби меѓу демократите, бидејќи таа постапка беше особено поддржана од администрацијата на Доналд Трамп.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува да ја врати праксата на забрзана депортацијата на семејствата на илегалните имигранти, јави порталот „Аксиос”.

Продолжувањето на праксата на забрзување на протерувањето илегално пристигнати семејства во САД може да доведе до поделби меѓу демократите, бидејќи таа постапка беше особено поддржана од администрацијата на Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден неодамна доби сериозни критики поради зголемениот прилив на луѓе кои се обидуваат илегално да се инфилтрираат во САД од Мексико. Политичките противници на актуелниот претседател наведуваат дека тоа особено се случува поради „премногу мекиот” пристап на новата Бела куќа кон илегалната имиграција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот