Ако падне договор со Србија, ќе биде за размена гас-струја, вели Ковачевски

„Ги имаме донесено сите одлуки и меморандум за соработка со гасот од Србија. Се работи за размена на гас за електрична енергија со Србија. Врз основа на договор за кој се преговара и не е финално договорено, ќе се реализира доколку постои 100% шанса за такво нешто. Преговорите продолжуваат во наредните денови“, информира вечерва премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција во Владата.

Според него, Србија ќе треба финално да каже што може да реализира од претпоставената конструкција во однос на размена на гасот со електрична енергија.

Ковачевски го коментираше и планот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за справување со енергетската криза.

-Тој направи добар сублимат од тоа што го имаме кажувано. Јас повикав утре пратениците да ги изгласаат Законите кои што се потребни во однос на непречено снабдување со енергенси за граѓаните, рече премиерот како одговор на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот