Мицкоски го претстави планот на ВМРО- ДПМНЕ за енергетската криза: Комуналните претпријатија, училиштата и здравството да плаќат регулирани цени на струја

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ги нудиме сите свои контакти за да се обезбедат суровини за домашна струја, порача Мицкоски по средбата со стопанските комори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбите со стопанствениците од Стопанската комора на Северна Македонија и Сојузот на стопански комори, информираше дека е направен план за справување со енергетската криза, за двојно поевтина струја, како и план за спречување на инфлацијата и зачувување на работни места.

Мицкоски вели дека на стопанството ги става на располагање сите контакти што ги имаат со цел набавка на суровини за ставање во функција на сите производствени капацитети на струја. Исто така, потенцираше дека веќе е подготвен Предлог закон за измени на Законот за енергетика со цел комуналните претпријатија, училиштата и здравството да плаќат регулирани цени на струја, место да бидат на слободен пазар како големите индустриски капацитети.

– Сите контакти што ги имаме на располагање, кои што се последица на нашиот животен пат, ги ставаме на располагање на бизнисот, а се со цел да им помогнеме на најмалку 650.000 наши сограѓани кои работат во приватниот сектор да ги задржат своите работни места имајќи во предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места. Меѓу поголемите тука би ги вбројал Фени комбинатот во Кавадарци, Бучим комбинатот во Радовиш, но и останати комбинати кои што значително учествуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ на Македонија – изјави Мицкоски.

Тој вели дека ако претпријатија кои вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги и водостопанството не бидат на регулираниот пазар, тогаш може да очекуваме двојно, па и тројно повисоки цени.

Во однос на училиштата, Мицкоски потенцира: „Ние не сме децата да учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот