Ајакс во проблеми: Фудбалер вчера постигна гол, а денеска заврши во притвор!
Од главниот град на Холандија ни пристигнуваат шокантни вести, а тие имаат врски со фудбалер на Ајакс, еден од најпознатите холандски клубови во таа земја.
Препорачано
Квинси Промес вчера играше натпревар од првенството и постигна гол во домашната убедлива победа над Цволе (4:0).
Во денешните утрински часови 28-годишниот играч беше уапсен и одведен во притвор затоа што бил вмешан во сериозно прободување, известува „Де Телеграф“. Овој холандски весник пишува дека член на семејството Промес беше прободен во јули и се верува дека токму членот на Ајакс бил вмешан.
И натаму не е официјално познато каква била улогата на фудбалерот во овој ужасен момент, но тој е осомничен за соучесништво и однесен во притвор каде ќе остане три дена.
Dutch Footballer Quincy Promes Arrested For Family Stabbing Case: Report | Football News https://t.co/pPACSuIzgD
— thenewsnow.live (@thenewsnow_live) December 13, 2020
Истиот извор вели дека Промес во јули одржал семејна забава на која влегол во конфликт со еден од членовите на неговото семејство и наводно го прободел со нож. Жртвата подоцна го пријавила прободувањето, со сериозни повреди на коленото, и така на Квински Промес му се заканува максимална казна затвор од четири години.
28-годишниот напаѓач е стандарден член на холандската репрезентација, пред да се пресели во Ајакс ги бранеше уште боите на Твенте, Го Ахед Иглс, Спартак Москва и Севиља.


