Ајакс потврди, Де Лихт чека трансфер!

YouTube

Младиот Де Лихт, желба на неколку големи европски клубови, како што се најавуваше досега е многу блиску да потпише за италијанскиот шампион Јувентус.

Од холандскиот клуб соопштија во саботата дека во попладневните часови сабота вкупно 28 играчи ќе биде дел од летните подготовки во Брамберг.

https://twitter.com/MDeLigtFC/status/1150023692195209217

Во очекување на можен трансфер ова лето, дефанзивецот Де Лихт не се најде на списокот повикани за тренинг кампот во Австрија.

И неговиот агент Мино Рајола потврди дека преговарал околу личните услови и само се чека официјалниот потпис со „Старата дама“.

Се очекува Де Лихт во наредните 48 часа да пристигне во Торино каде што ќе ги помине лекарските прегледи, а потоа и го потпише договорот според кој по сезона ќе заработува 12 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот