Рајола го откри новиот клуб на де Лихт!

Сега, двата клуба останува да ја договорат цената на 19-годишниот дефанзивец пред еден од големите летни трансфери официјално да стане реалност.

Според светските медиуми, Де Лихт ќе потпише „бјанконерите” за петгодишна плата од 12 милиони евра плус бонуси.

Договорот ќе има и клаузула за откуп од 150 милиони евра.

Јуве веќе ја направи првата понуда за дефанзивецот во вредност од околу 50 милиони евра, откако Холанѓаните ветија дека ќе го продадат за таа сума пред една година.

Од „Амстердам Арена”, сега сакаат понуда од 75 милиони евра поради одличната сезона на Де Лихт.

– Да, се разбра тој со Јувентус. Сега на потег е Ајакс – изјави Рајола за „Де Телеграф”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот