АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.

Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – в.д. раководител на Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на АХВ, претставници од работната група која учествуваше во изработката на новиот правилник, и Јован Дабевски од компанијата „Трница” ДОО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот