Ахмети – Рама: С Македонија и Албанија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство

По членството во НАТО, Северна Македонија и Албанија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство, бидејќи мирот, стабилноста и добрите односи со соседните земји се на вистинско ниво. Националистичките и конзервативните политичари само градат sидови и суштински не менуваат ништо. Современите политичари, наместо sидови, градат мостови за мир и стабилност, порачаа од денешната средба во Охрид претседателот на ДУИ, Али Ахмети и премиерот на Албанија, Еди Рама.

На средбата, која се одржи во рамки на Преспа форумот за дијалог, Ахмети истакна дека спорот со Грција беше преседан во политичката историја и за неговото решавање беше потребно да се најде иновација која би била пример во политичката историја и меѓународните односи.

– Тоа го постигнавме во време кога сите рекоа дека е невозможно, а денес гледаме позитивни резултати од овој Договор, нагласи Ахмети.

И спорот со Бугарија беше дел од разговорот помеѓу Ахмети и Рама, кои се осврнаа на неодамнешните посети на Софија со цел да се надминат пречките поставени од бугарска страна.

На состанокот се дискутираше и за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат нашите земји, но и регионот, на патот кон европската интеграција.

– Во време на големите глобални пресврти, носејќи надеж станавме даватели на решенија и мир низ целиот регион. Лидерите не сакаат и не треба да ја занемараат својата земја, беше меѓу другото оценето на средбата меѓу Ахмети и Рама.

Во оваа прилика, Ахмети му го честиташе на Рама третиот мандат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот