Ахмети прв пристигна во вила Водно, по него Касами, Села и Гаши (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети прв пристигна во вила Водно на лидерската средба што ќе се одржува на покана на претседателот Стево Пендаровски.

По Ахмети, на средбата пристигнаа и претседателот на Движење Беса, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, за денеска  во 17.00 часот ја закажа лидерската средба во неговиот Кабинет на вила Водно.

Во фокусот на лидерската средба ќе бидат предвремените парламентарни избори кои ги предложи премиерот откако ЕУ одлучи да не и додели датум за преговори на Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот