Ахмети ја губи поддршката на военото крило во ДУИ

Али Ахмети Фото: Драган Митрески

Се продлабочува јазот во ДУИ. Претседателот на ДУИ Али Ахмети за првпат не учествуваше во меморијалната академија по повод поменот на командантот на ОНА Иса Лика – Илири. Извори во партијата посочуваат дека традицоналното присуство и држењето на говор од страна на Ахмети на овој ден во т.н. меморијален комплекс на ОВК, во близина на текето Арабати Баба во Тетово, го спречил братучедот на Иса лика, Хазби Лика.

Нашите извори посочуваат дека военото крило на партијата кој го предводи Хазби Лика за првпат по цели 13 година Ахмети не му дозволиле да прусуства на поменот.

Во партијата велат дека такво нешто било очекувано, бидејќи не било тајна дека односите меѓу Ахмети и военото крило предводено од Хазби Лика се заладени поради блиската соработка на првиот интегративец со Артан Груби и Бујар Османи.

Раздорот во ДУИ започна со разрешувањето на Хазби Лика од вицепремиерското место и со укинување на секретаријатот за Рамковниот договор.

На комеморацијата присутни биле Хазби Лика, Рафиз Алити, Фазли Велиу, кои имаа свои обраќања пред присутните. Велиу како поранешен началник на ОВК рече дека Илири паднал за татковината.

„Оваа татковина им припаѓа на сите Албанци, за која се очекува еден ден да стане една и неразделна“, рече Велиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот