Ахмети „флертува“ со Мицкоски за интересите на државата!

Мицкоски и Ахмети во декември 2019 година / фото: Архива на СЛободен печат

Иако Демократската унија за интеграција (ДУИ) е жесток критичар на соработката на партиите на Албанците во опозиција со ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер вели дека конекцијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е во функција, но како што вели, не за персонални или групни интереси, туку за инетереси на државата и граѓаните.

– Лидерска за конкретни теми, како што истакнав за проблемот со Бугарија, или за теми што барат етнички и политички консензус. Но, за предвремени парламентарни избори, не. Опозицијата секаде во Европа, два дена откако ќе ги изгуби изборите бара предвремени парламентарни избори. Нормално е опозицијата да бара предвремени избори. Јас имам комуникација со опозициските партии, особено со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за прашања во интерес на државата, не за персонални или групни интереси, изјави Ахмети во интервју за Клан.

Ахмети истакна дека на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не и ставила крај.

– Нашата соработка со ВМРО-ДПМНЕ не завршила. Ние имаме комуникација со ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Ахмети и додаде дека на ДУИ не и се допаднало седењето на една маса на опозицските партии на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ и Левица за да создадат ново парламентарно мнозиство.

– Овој случај не загрижи длабоко. Како може партиите на Албанците да седнат без да ја анализират ситуацијата, само за инает на ДУИ да создаваат ново мнозиство. Во политиката нема инает, има логика, има рационалност, смета Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот