Ахмети до новиот холандски амбасадор: Очекувам датум за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети го пречека на работен состанок новиот амбасадор на Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, во седиштето на ДУИ во Тетово.

Ахмети му честита на новиот Амбасадор за новата функција истакнувајќи дека блиската соработка со Холандија ќе продолжи и во иднина при што му се заблагодари за подршката што неговата земја и ја дава на нашата држава. 

Соговорниците истотака разменија мислења за актуелните случувања, владеењето на правото, евроатланската интеграција на земјата и регионот. 

Ахмети ја истакна посветеноста на ДУИ за постигнување функционална и доверлива неселективна правда која ќе се постигне преку спроведување на ветинг. 

Во врска со одлуката на Советот на Европската Унија кон средината на овој месец, Ахмети рече дека очекува Северна Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за започнување на преговори за членство во ЕУ. 

Ова ќе придонесе за подлабоко реформирање на нашите земји во согласност со очекувањата од Брисел, но и ќе го стабилизира нашиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот