Агрометеоролозите апелираат да се заштитат посевите поради најавениот северен ветер

Фото: Слободен печат

Поради најавениот засилен и северен ветер за во недела и понеделник, агрометеоролозите порачуваат земјоделските производители да продолжат со заштита на посевите. Посебно е важно ѓубрењето, но се препорачува и примена на сите агротехнички мерки.

Според агрометеоролозите од УХМР, се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

Од УХМР велат дека врнежите од дожд и снег на повисоките места кои паднаа минатата недела, придонесоа за зголемување на влагата во почвата, како и за надополнување на вештачките акумулации.

– Врнежите обезбедуваат добра залиха на влага за идниот вегeтациски период. Влажноста на почвата во овој период од годината има особено големо влијание за есенските посеви кои се во фаза на братимење кое, пак, има директно влијание врз приносот на житата. Отука, на братимењето треба да му се посвети посебно внимание, а тоа зависи од многу фактори. Како еден од поважните е токму влажноста на почвата – додаваат агрометеоролозите од УХМР.

Во однос на ѓубрењето, потенцираат дека мора да се земат предвид потребите на почвата за да се оцени дали третманот ќе биде со суперфосфати или калиумови ѓубрива.

– Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот