АГРОМЕТЕО: Пролет со стабилно време, овошките куртулија

Пролет, расцветани Јапонските ружи / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Умерените температури и врнежите од дожд, во изминатата седмица придонесоа за кратко време да се разбуди вегетацијата особено кај овошките од коскестите видови, потоа кај дел од шумските видови и тревната вегетација, вели агро метеоролошката прогноза на УХМР.

Од понеделникот имаме стабилно и суво време во текот на целата седмица, но можен е пад на утринските температури, кои во Берово можно е да бидат и негативни. Сепак и ваквите температури се во границите на издржливост на овошките без да причинат штети од измрзнување.

Позитивните утрински температури, и температурите во текот на денот од околу 18-20 оС ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на насадите од болести и штетници, а особено во овој период потребна е заштитата од плевели, потоа работи во тутунопризводството за нега на леите за производство на расад, вообичаени работи во градинарството во овој период од годината, како и работи за припрема на површините за пролетна сеидба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот