Агенда на ЕК за 2021 година: Западeн Балкан меѓу врвните приоритети, но и барања за реформи во СЗО и во СТО

Европската Комисија (ЕК) денеска пред Европскиот Парламент ја презентира својата работна програма за 2021 година и во делот на надворешната политика, западниот Балкан останува на врвот на нејзините приоритети.

– Оваа Комисија стапи на функција со мандат да обезбеди посилна Европа во светот. Нашата геополитичка Комисија се бори да ги унапреди стратешките интереси и цели на ЕУ во странство и да брани меѓународен поредок што е заснован на правила и на вредности во растечки поларизиран свет, стои во работната програма на ЕК што денеска ја презентира потпретседателот Марош Шефчович пред европратениците.

За да обезбеди улога на стабилизатор во меѓународните односи, ЕК смета дека ЕУ ќе треба, меѓу другото, да биде ефикасна во обезбедување на сигурна, брза и ефикасна вакцина против ковид-19 штом таа биде достапна, како и да го зајакне мултилатералниот глобален систем на владеење.

– Ќе продолжиме да даваме целосен приоритет на нашето источно и јужно соседство, западниот Балкан и Африка, пишува во програмата на ЕК.

За оваа цел, потсетува Комисијата, обезбедени се потребните средства преку инструментите за надворешна политика.

Комисијата, исто така, бара реформи во Светската здравствена организација и Светската трговска организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот