Агенцијата за вработување нуди „Втора шанса“ за завршување на средно стручно образование

Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Најновата пилот програма „Втора шанса“ на Агенцијата за вработување нуди можност невработените лица да го дооформат нивното средно стручно образование. Во тек е отворен оглас, што ќе трае се до исполнување на предвидениот опфат од 200 учесници.

– Програмата се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Преку „Втора шанса“, 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование. Оваа програма ќе се спроведе од страна на средни стручни училишта за машинска, електротехничка, угостителска и градежна струка, се вели во соопштението од Агенцијата за вработување.

Во тек е и кампања што Агенцијата ја спроведува за информирање на јавноста, преку организирани средби во сите региони во државата.

– Врз основа на податоците со кои располагаме и со намера да им се помогне на невработените лица со пониски квалификации и пониско ниво на образование, оваа пилот програма беше конципирана и отворена како можност за невработени лица со незавршено средно стручно образование – 3-та година од стручното образование за занимања – тригодишно образование, или 4-та година од техничкото образование – четиригодишно образование. Заинтересираните лица при пријавувањето треба да приложат оригинал од свидетелствата што ги имаат. Сите лица кои ќе бидат селектирани и ќе учествуваат во програмата „Втора шанса“, ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле вклучени во редовниот образовен процес, објаснува во пишана изјава Наташа Здравковска, координатор на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

На отворениот оглас можат да се пријават невработени лица кои немаат завршено средно стручно образование и спаѓаат во ранливите целни групи на проектот, корисници на гарантирана минимална помош, млади лица до 29 години, Роми, жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица – над 12 месеци во евиденција. Заинтересираните кандидати треба во најкраток можен рок да се пријават во центрите за вработување, каде редовно се евидентираат како невработени лица. Поднесувањето на пријавите можат да го направат секој работен ден од осум до 14 часот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот