Агелер им пишала на извршната и на судската власт: САД се загрижени од враќањето случаи на повторно судење

Анџела Агелер / Фото: Твитер

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, пред две недели испратила писмо до институциите на извршната и судска власт, во кое ја изразила загриженоста на САД за состојбите во македонското правосудство во писмо што го испратила до на 11 април, објави телевизијата „Алсат“.

Загриженоста, според дел од писмото кое го објави телевизијата, се однесува на првостепените пресуди против високопрофилирани личности кои Апелацискиот суд ги укина и ги врати на повторно судење, поради што во меѓувреме застареа дел од предметите кои се водеа против дел од обвинетите. Ова во изминатите недели се случуваше со пресудите против поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

– Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, пишува Агелер во писмото.

Писмото со идентична содржина било испратено до Владата, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за правда и за надворешни работи, Кренар Лога и Бујар Османи, како и до Врховниот суд, Апелацискиот суд и до некои основни судови во земјава, според информациите на „Алсат“. Во писмото се истакнати и напорите на американските власти да помогнат во подобрување на состојбите во македонскиот правосуден систем.

Писмото го прокоментира и вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Таа денеска изјави дека одлуките на Апелацискиот суд за поништени решенија во случаи против високи профилирани лица се „сериозен проблем“ и оти „пораките што доаѓаат од САД конечно ќе влијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот