Адвокатот на Мика Алексиќ со шокантна изјава: Му останаа уште неколку месеци живот, срцето му работи само 20 отсто

мирослав мика алексиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Сопственикот на школата за глума, Мирослав Мика Алексиќ (69), кој е осомничен за сексуално злоставување на ученички, има големи здравствени проблеми и неговото срце работи само 20 отсто, изјавил неговиот адвокат Зоран Јаковoљевиќ во утринската програма за телевизија „Хепи“, пишува „Курир.рс“.

На Алексиќ во петокот му бил продолжен поради постоење на посебни околности кои укажуваат на тоа дека во краток временски период ќе го повтори делото, како и поради тоа што на товар му се става кривично дело за кое се заканува казна од над десет години затвор.

Адвокатот на Мика Алексиќ во емисијата зборувал за тоа како изгледаат изјавите на оштетените страни, и како тие се изјаснуваат, но најмногу се фокусирал на неговото здравје.

– Мика не ми дозволи фактот за неговата здравствена состојба да го експлоатирам во оваа постапка. Неговата здравствена состојба е многу тешка. Постои голема опасност од мозочен удар. Неговото срце работи со околу 20 осто. Извршен е вонреден лекарски преглед на Воено-медицинската академија. Барав судот да им ја даде неговата документација на стручни лица, бидејќи, за жал, шанса за смртен исход. Тој мора да има лекар покрај себе, бидејќи од возбуда може да дојде до губење на свеста. Алексиќ не брои години, тој брои месеци – рекол Јаковљевиќ.

Мика Алексиќ, да потсетиме, беше уапсен во јануари и оттогаш е во притвор во Централниот затвор. Во меѓувреме, во текот на истрагата што беше покрената откако за сексуално злоставување го пријави младата српска актерка Милена Радуловиќ, а потоа и други нејзини млади колешки, беа сослушани оштетените и другите сведоци, беа собрани наодите на судските вештаци и други докази, по што обвинителството покрена обвинение. Според обвинението, тој беше обвинет за извршување кривично дело силување и недозволени полови дејствија против седум ученички од 2008 до 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот