Адеми и Ристовски по лондонско чудо и ќе „навиваат“ за Рапид Виена

„Модрите“ имаа водство против Генк, но не го задржаа до крај/Загреб, Хрватска/25 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

На едно коло пред крајот на групната фаза во Лига Европа екипата на Динамо Загреб обезбеди европска пролет трет пат во последните четири сезони. Но, поради ремито (1:1) со Генк сè уште не знае во кое натпреварување.

Хрватскиот гигант на својот стадиом „Максимир“ одигра нерешено против Белгијците. „Модрите“ водеа од 35 минута со голот на Менало, а пред паузата израмни Угбо (45+1`).

За домаќините стартер беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми (капитен) кој настапи до 76 минута, а Стефан Ристовски остана на клупата за резервни играчи.

Во вториот меч од групата „Д“ Вест Хем триумфираше над Рапид Виена (0:2) со головите на Јармоленко и Нобл. На табелата води Вест Хем со 13 бодови и обезбеди пласман во осминафиналето на ЛЕ, второпласиран е Динамо Загреб со седум бодови, два повеќе од Генк, а на дното е Рапид Виена.

Во последното коло на 9 декември во Лондон „чеканите“ ќе го пречекаат Динамо, а Генк е домаќин на Рапид Виена. Според новите пропозиции второто место води во 1/16 финалето на ЛЕ, а третата позиција продолжување во Конференциската лига.

Второпласираниот за пласман во осминафиналето на ЛЕ ќе игра против една од третопласираните од групната фаза во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот