1 C
Скопје

Адем Авзиу нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС”

Нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС” ДООЕЛ Скопје е Адем Авзиу, кој е поранешен државен секретар во Министерство за информатичко општество и администрација.

– Авзиу ја презема задачата во многу деликатен момент, кога целиот свет се соочува со пандемија од невидени размери и во време кога рекреативните спортски центри во земјата со кои стопанисува друштвото се пред сериозен предизвик. Очекуваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на компанијата и туристичките капацитети со кои стопанисува Друштвото, информираат денеска од компанијата.

Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот во Југоисточна Европа, насока финансии и во моментот е на постдипломски студии на истиот Универзитет. Од декември 2019 година тој беше државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација. Од 2018 година е директор на секторот за човечки ресурси во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а од декември 2013 година до септември 2018 година работел како советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување. Од март 2011 година до декември 2013 година ја извршувал функцијата раководител на единицата на Министерството за економија во Државниот инспекторат за технички преглед. Авзиу, во периодот од јуни 2009 година до февруари 2011 година, работел на позицијата советник за патни исправи во Министерството за внатрешни работи – Тетово.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Филипче: Засега нема рестриктивни мерки и покрај порастот на бројот на заболени

Поврзани вести

Џафери ги предупреди пратениците: Доста со калкулации, доаѓајте на работа!

Фицо: Со потврда или не од лабораторијата во Лондон, сигурни сме дека нови мутации на ковид-19 во Албанија постојат

Слободен печат

„Сертификатите за вакцинација” не треба да бидат „услов за пристап до одредени места”, предупредува Емануел Макрон

Слободен печат

Британски институт за стратешки студии: Нов рекорд во светските воени трошоци во 2020 година, и покрај кризата заради пандемијата

Слободен печат

Мишел: Се раширија три нови мутации на ковид-19, неважните патувања остануваат ограничени

Слободен печат

ВИДЕО I ЕУ одлучи: Ковид пасош ќе биде потребен за идните патувања во Европа

Слободен печат

Остави Коментар