АД Скопје со заострени мерки и нови процедури поради корона вирусот

Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје најави дека поради сериозноста на ситуацијата предизвикана како последица од корона вирусот ќе воведе заострени мерки и нови процедури.

Ве известуваме дека депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти. Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.

Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, нема да се примаат странки.

Се упатуваат акционерските друштва за добивање на акционерски книги или други извештаи веднаш да започнат постапка за приклучување кон порталот за генерирање на извештаи за издавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот