Аболицијата на Иванов утре пред уставните судии, Владата консултира кривичари

Уставен суд/ Фото: МИА

Се уште сме во првична фаза кога постои теоретска можност за спогодување, одговори министерот за правда, Бојан Маричиќ прашан за спорот кој пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур го покренаа дел од обвинетите во случаите на СЈО, а кои претходно беа аболицирани од страна на поранешниот претседател на државата Ѓорѓи Иванов, кој пак потоа ја поништи аболицијата.

– Нема јавно да коментирам по ова прашање. Тимовите на Владата активно работат на подготовка на Стратегијата. Ние во предвидените рокови ќе имаме став и пред да го известиме ЕСЧП ќе ја известиме и јавноста за нашите позиции, но ние сме странка во постапката и е штетно да изнесуваме ставови пред тие да бидат целосно изградени, одговори Маричиќ.

Дали аболицијата на Иванов и нејзиното поништување се во согласност со законските норми утре ќе расправа Уставниот суд.

– Ова е важен процес. Да не прејудицираме каква ќе биде расправата за членот 11-а од Законот за помилување. За Владата е најважна правдата и владеењето на правото, а по ова прашање консултираме кривичари и ќе имаме наше појаснување, заклучи Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот