АА ја објави декларацијата за влез во Влада

Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците
Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците / Утрински брифинг

Бидејќи транспарентноста и отчетноста се основните вредности на политичкото дејствување на Алијанса за Албанците, денеска на јавноста и ја презентираме Декларацијата за владините определби, договорена меѓу претседателот, Арбен Таравари и премиерот, Димитар Ковачевски, која премиерот ќе ја потврди пред народните избраници и граѓаните, се вели во декларацијата на Алијанса на Албанците.

– Оваа декларација е камен-темелник на нашата идна работа во рамките на владината коалиција. Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби, за кои со сета енергија ќе се ангажираме до крајот на мандатот. Со цел да ги имплементира овие обврски, Алијанса за Албанците ги избра најдобрите во своите редови да ги предводат своите сектори во владината коалиција: Кренар Лога, министер за правда. Фатмир Меџити, министер за здравство. Азир Алиу, министер за информатичко општество и јавна администрација. Вјолца Бериша, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тирон Јајага, заменик министер за одбрана – се вели во декларацијата на АА,

Според партиското раководство, приклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога Северна Македонија се соочува со голем број на кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата. Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот