АА/А: Полицијата спречи право на протест, по падот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е режим Заев-Ахмети

Заедничка прес-конференција на Зијадин Села и Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Денес, кога беше предвидено да се одржи најавениот мирен протест против одлуката на монтираниот процес „Монструм”, полицијата на Оливер Спасовски се погрижил да го спречи овој протест и, дури, со таквото спречување, да провоцира несразмерни инциденти. Така, и покрај барањето на организаторот, семејството на казнетите во случајот „Монструм”, кои претходно го информирале Министерството за внатрешни работи за организирање на протестот, полицијата – со големо засилување со блиндирани возила и специјални единици – не им го допушти патот и така ги спречи протестантите да стигнат до нивната дестинација, се наведува во соопштението на Коалицијата Алијанса на Албанците/Алгтернатива (АА/А).

 – Како што знаеме, секаде во светот демонстрантите се тие кои го одредуваат местото на одржување на протест и во секоја демократска држава на светот тие, освен информирање на полицијата, немаат никаква друга обврска. Затоа за нас, денешната сцена на скратување на правото за протест е уште еден доказ дека по падот на режимот Груевски-Ахмети, на повидок е новиот режим Заев-Ахмети. Исто како и бандите на Груевски некогаш, така и денес полицијата, на место да биде на страна на граѓаните, таа ги спречи граѓаните во нивното слободно изразување на јавно мислење и на правото за мирен протест. А оваа појава се именува само како диктатура. Ни помалку ни повеќе. За потсетување, вакви сцени денес може да гледаме само во Белорусија, Венецуела и Русија. А дали оваа зборува за нови сојузници на овој режим или пак ова е само вежбање врз грбот на Албанците, тоа треба да го објаснат тие кои ја користат полицијата на народот против народот, реагираат од АА/А.

– Ние, сепак, сме убедени дека во Северна Македонија се сменети само актерите, додека сценариото и сценаристите остануваат исти. Затоа, како што го уривавме режимот Груевски-Ахмети, ни преостанува да го урнеме и овој режим, бидејќи немаме друг спас од диктатурата, додаваат од АА/А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот