90 претприемачи успешно го завршија првото издание на ПроКредит Бизнис Академијата

Со свечена церемонија и завршен коктел, ПроКредит Банка ја заокружи првата генерација од ПроКредит Бизнис Академијата– едукативна програма создадена за унапредување на знаењата и капацитетите на локалните компании. На настанот, 90 учесниците добија сертификати за успешно завршена обука и посветеност во процесот на учење и личен развој.

Академијата е дел од пошироката заложба на ПроКредит Банка за јакнење на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка и создавање можности за континуирана едукација и вмрежување. Преку оваа иницијатива, претприемачите добија пристап до практични знаења, експертски совети и интерактивни работилници, кои им помагаат да ги унапредат своите деловни вештини и да создадат поодржливи деловни модели.

Програмата се состоеше од пет модули што ги опфатија најрелевантните теми за раст на современите мали бизниси – финансиски менаџмент, комуникациски и продажни вештини, дигитална трансформација и развој на претприемачки начин на размислување. Академијата беше реализирана во соработка со Alphabet Group, консултантска компанија со долгогодишно искуство во организациски развој и едукација на претприемачи низ регионот.

„Со гордост можеме да кажеме дека ПроКредит Бизнис Академијата покажа колку знаењето и споделеното искуство можат да придонесат за посилен и поодржлив приватен сектор.

Да се биде вистински партнер на бизнисите, за нас, значи да понудиме повеќе од традиционалните банкарски услуги – тоа значи активно да придонесуваме за нивниот раст и успех.

Оваа програма е уште една потврда на нашата заложба да ги поддржиме претприемачите не само финансиски, туку и преку развој на нивните капацитети и мрежата на контакти. “ изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Со успешното завршување на првата генерација, ПроКредит најавува дека Бизнис Академијата ќе продолжи и во 2026 година, а пријавувањето за новата генерација учесници ќе започне наскоро.

Повеќе информации ќе бидат достапни на официјалната веб-страница и социјалните мрежи на банката.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот