38.000 студенти се пријавиле за ваучери за електронски уреди – Андоновски тврди: Системот целосно ја елиминира корупцијата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше на „Сител“ и говореше за проектот за ваучери од 15.300 денари за студентите за купување, за кој досега имаат аплицирано 37.970 студенти, а над 17.000 студенти веќе подигнале електронски уред.
Препорачано
Според Андоновски, овој проект, „освен што помага на оние кои најмногу им треба да добијат електронски уред, истовремено целата постапка е транспарентна и едноставна“. Министерот вели дека со ова можноста за корупција „целосно се елиминира“.
„Оваа услуга покажува борба против корупцијата. Овој систем не познава кое дете од каде доаѓа, кој студент какви родители има, системот не подразбира дали сте син или ќерка на некој функционер за да добиете ваучер, туку тој систем доделува ваучери на секој кој ги исполнува условите“, рече Андоновски.
Според него, изводот од матична книга на родени и уверението за државјанство сега се издаваат онлајн, а со тоа директно се влијае на сузбивање на ситната корупција.
“Веќе не плаќате 400-500 денари на некој службеник во некоја канцеларија за побрзо да го издаде вашиот документ. Кликнувате, 20 секунди и го добивате документот на мејл”, вели Андоновски.


